Соработникот на Заев што пцуеше Бугари стана директор на богата државна фирма

Политичарот кој е дел од коалицијата предводена од СДСМ на Зоран Заев кој пред неколку дена јавно ги пцуеше Бугарите вчера стана директор на една од најбогатите државни институции.



Лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски вчера од страна на владата е именуван за заменик директор на „Македонија пат“ компанија која располага со буџет вреден десетици милиони евра.

Ибраимоски пред неколку дена искажа говор на омраза против Бугарските граѓани на Фејсбук.

Столб на коалицијата на СДСМ со сексуална порака до бугарските комшии

На вчерашната седница именувани и неколку други функционери.

Во рамки на 19. седница Владата синоќа заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат” – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик директор.

Владата ја разгледа информацијата дека Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој согласно Одлука на Владата за давање претходна согласност го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Владата именуваше нови директори на следниве позиции:

Костадин Петров го именуваше за в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Јован Деспотовски го именуваше за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Бесник Елези го именуваше за в.д. заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Томе Спировски го разреши од должноста директор на Државниот просветен инспекторат.

Ардиан Муслиу го именуваше за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.

Владата ја прифати оставката на Јовица Стојановиќ и го разреши од должноста директор на Управата за извршување санкции, на негово барање.

Владата ја прифати оставката од Марјан Спасовски, и го разреши од должноста директор на Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка на негово барање.

Марјан Спасовски го именува за в.д. директор на Управа за извршување на санкции.

Александар Донев го разреши од должноста вршител на должноста директор на Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес.

Јовица Стојановиќ го именува за в.д. директор во Казнено поправен Дом Идризово со отворено одделение во Велес.

Ненад Цветковиќ го именува за в.д директор на Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Беким Халими го разреши од должноста директор на Службата за просторен информативен систем и го именуваше Митко Крстевски за директор на Службата за просторен информативен систем.