Соработникот на Боки 13 добил 30 дена притвор

Лицето Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец добил 30 дена притвор, изјавил заменик директорот на Истражен затвор Скопје, Садуш Арифи за ТВ21.



Како што информираат од истражниот затвор, Кичеец веќе е донесен со полициска придружба, пишува плусинфо.мк.

Вечерва се чека одлука на судот дали ќе прифати притвор и за Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Кичеец е второосмничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен.

Кичеец и Боки 13 денеска се приведени. Боки  е приведен на граничниот премин Богородица а Кичеец во скопски ресторан.