Соработник на Заев: САД се борат за контрола на нафтата, НАТО не се бори за демократија

Еден од најблиските соработници на лидерот на СДСМ и негов советник за бранители додека беше премиер денеска остро ги нападна Соединетите американски држави и НАТО.



Во емисијата Само Вистина на телевизијата Канал 5 екс генералот Стојанче Ангелов во дебата со лидерот на Левица Димитар Апасиев порача дека НАТО не се бори за демократија и кажа анегдота според која секаде каде што САД водат војна наоѓаат демократија со што индиректно го нападна Вашингтон дека води војна за контрола на нафтени наоѓалишта.

Овие изјави на Ангелов се во целосна спротивност на официјалните позиции на владината коалиција предводена од СДСМ и Заев според кои со влезот во НАТО на Македонија и се гарантира демократијата.

Според официјалната позиција на САД кои во мај 2008 година во Вашингтон потпишаа Договор за стратешка соработка со Македонија оваа земја има цел на глобално поле да ги шири демократските вредности а не да војува за контрола на нафтените потеницијали.

И според официјалната доктрина на НАТО една од главните цели на алијансата е да работи на промоција на демократските вредности.

Линк до доктрината на НАТО

https://www.nato.int/nato-welcome/index.html

Линк до видеото каде што Ангелов остро ги обвинува НАТО и САД

по 45 минута

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/2638775193117657/