Соработник на Џабир Дерала ја обвини уредничката на ТВ24 дека ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарот Љубомир Костовски кој соработува со медиуми на Џабир Дерала ја обвини главната и одговорна уредничка на ТВ24 Анета Додевска сака ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени.



Костовски го коментира интервјуто на Додевска со директорот на Македонска Царина Стефан Богоев, висок партиски функционер на СДСМ со кого разговараше и за уставните измени.

За соработникот на Дерала, Додевска лажела кога рекла дека го брани ставот на опозицијата туку според него го бранела само ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Главната уредничка на ТВ 24, Анета Додевска, во интервјуто со Стефан Богоев, беше настроена за жолчна дебата и го бранеше – како што рече – ставот на опозицијата. Прво, тоа не се ставови на опозијата, да не се криеме сега зад тој термин, туку само на ВМРО ДПМНЕ! Така се открива кој е вклучен во лингвистичко-логички контекст, како да се каже наратив. Потоа се обиде да ги наброи правилните оценки за невнесување на бугарската националност во Уставот, а мислам дека едната рака имаше многу прсти. А тие еден-два прсти што ги шупликави беа шупликави и без основа. А за промена да се обиде да ги употреби преостанатите прстите што се како земја, како народ, како една целина со крупен и единствен геополитички став кон иднината да наброи што ќе изгубиме ако не ги усвоиме уставните измени!?
Е тогаш ќе треба да ги искористи и прстите на сите присутни и во студиото. Никој нема во гласните медиуми свест за тоа како програма прави и за што се залага… Како го турка Титаник кон ледените брегови на општа опасност!”, пишува во пораката со која Костовски ја обвини Додевска дека брани ставови на ВМРО-ДПМНЕ а сите национални телевизии и главни медиуми дека не знаат што прават.

Додевска засега не реагира на обвинувањето.

Костовски се претставува како уредник на Магазинот Глобус кој може да се најде на интернет а негови текстови редовно се појавуваат на медиумите под контрола на Џабир Дерала.

Поврзана вест

Продолжува атаката на соработникот на Џабир Дерала врз медиумот каде работи претседателот на ЗНМ

По нападот врз Додевска, Костовски ја обвини ТВ24 дека била непријателска кон СДСМ и ДУИ