Соработка на американските републиканци и ВМРО-ДПМНЕ во најава – Милошоски се сретна со Хименез

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во американскиот Конгрес се сретна со републиканскиот конгресмен Карлос Хименез. На средбата, како што објави Милошоски, било разговарано за продлабочување на односите меѓу двете земји, но и за взаемната помош меѓу Републиканците и ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите следната година.



-Денес во Конгресот на САД имав срдечна средба со колегата Carlos Gimenez , (Конгресмен, републиканец). Разговаравме за македонско-американските односи и можностите за нивно продлабочување, за безбедносните предизвици во Европа.
Исто така разменивме идеи како можеме взаемно да си помогнеме како сестрински партии во однос на изборните кампањи и во Америка, и во Македонија, во кои ќе бидеме ангажирани во текот следната година – напиш Милошоски.