Сопственикот на Time.mk: Дедовците ви се бореле со нож а вие ќе уништите се за скара, ќе лутате без дом

Абе дедовците ви се бореле со пушка, нож, пиштол, за да денес имате можност да се борите со пенкало и email, да кажете: Не, фала.
А не да уништите се за подобар пасат и повеќе скара и подобар телевизор, да лутате како лејки без дом и дигнитет.



Оваа порака до македонските власти од СДСМ и ДУИ ја пишува сопственикот на најважниот македонски генератор за вести Игор Трајковски.

Тој дополнително вели дека била избришана изјавата во која портпарол на ЕК вели дека унијата нема да го признае македонскиот јазик и објавува друга верзија со превод на македонски.