Сопственикот на српскиот автобус кој се урна на автопатот Тракија има над 99 издадени акти за тешки прекршоци, а закупецот на автобусот има регистрирани 4 тешки прекршоци, пренесе БГНЕС.



Српското МВР при увид на сопственикот и закупецот, кој поседува дозвола за превоз на патници, констатирал вкупно 103 прекршоци. Меѓу нив, прекршување на работното време, прекршување на натохграфот итн.

Вкупната вредност на досегашните изречени глоби на сопственикот е 3,5 милиони динари. Поведена е и предистражна постапка за прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Вкупниот трошок на прекршоците на закупецот е 424 илјади динари.

На 14 август српскиот автобус со деца и возрасни по одморот на бугарското крајбрежје на Црното Море се урна на автопатот Тракија во регионот Стара Загора. 40-годишниот возач доби кривична пријава бидејќи ја предизвикал несреќата поради одвраќање додека возел. За среќа нема жртви. Сепак, повредени се 12 деца на возраст од 6 до 16 години, како и двајца возрасни.

Двете деца кои од болницата Старо Загора беа пренесени во главниот град „Пирогов“ денеска со два хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија. И судот во Стара Загора ќе ја разгледува мерката притвор за возачот на автобусот.