Моника, 12 годишно девојче од Србија кое девет дена беше исчезнато и најверојатно киднапирано од педофил, било пронајдено од сосптевници на викендичка.
Српската полицијата, во рамките на потрагата по киднаперот Нинослав Јовановиќ и неговата жртва, го повикала сопствениците на викендички да ги проверат, што го направиле и сопствениците на објектот каде што вчера беше пронајдена малата Моника.
„Тие дојдоа до нивната викендичка. Нинослав ги слушна, мислејќи дека полицијата и веројатно, избегал. Полицајците се појавија за две, три минути на местото на настанот“, изјави за РТС директорот на српската полиција Владимир Ребиќ.
Тој соопшти дека 500 до 600 полицајци се уште се на теренот во потрага по Јиовановиќ и предупреди родителите на малолетни деца да бидат внимателни, но и поради тоа што киднаперот-педофил има пиштол.
Директорот на полицијата уште додаде дека Јовановиќ го планирал злосторството бидејќи од август сер водел како исчезнат, период во кој најверојатно ги подготвувал местата каде што престојувал со својата жртва.
Ребиќ информираше дека кога била пронајдена, Моника била свесна и комуникативна.





