Сопругата на Зеленски со цинична порака до европјаните: Пишете што треба, ќе ви одговориме штом дојде сигнал

Сопругата на украинскиот претседател упатува цинична порака до политичарите и граѓаните на Европа.



Во твитот до европските пријатели Олена Зеленска со иронија упатува прекор до сите луѓе во Европа кои продолжуваат со своите рутински активности додека обичните Украинци се соочуваат со катастрофа за време на конфликтот со Русија.

,,Добро утро, европски пријатели! Како сте? Читање твитови, пиење кафе? Сакате да почувствувате како Украинците го започнуваат денот? Спуштете се во ладен подрум неколку часа: со батериска ламба и електрична банка наместо топла чаша – немајќи поим кога ќе дојде струјата.
Руските терористи ја започнаа својата „работна недела“ со масовен ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина 🇺🇦. Но, ние се држиме. И ние сонуваме секој човек во Европа да го започне своето утро топло и безбедно. Пишете ако ви треба нешто, ќе одговориме штом имаме сигнал”, пишува во ироничната порака на Зеленска која во пораката го користи знакот :).

Во коментарите сопругата на претседателот Зеленски добива поддршка но и забелешки дека европјаните се соочуваат самите со проблеми заради поддршката на нивните влади на борбата на Украина против руската агресија.