Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе иницијатива до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за утврдување одговорност за тоа што екс-секретарот добил возило „доџ“ во вредност од над 50 илјади евра, коешто го добила сопругата на Рашковски како подарок.
Пазарната вредност на возилото е најмалку 50 илјади евра, а во анкетниот лист на Рашковски е пријавено дека вреди 5 илјади евра,објави Дојче веле.
Горан Трпеноски, член на ДКСК, вели дека сопругатана Рашковски, добила на подарок од Игор Христов (советник во Владата и еден од осомничените во случајот со Рашковски за набавка на софтверите) возило што вреди околу 50 илјади евра, кое истото го купил за невообичаено ниска цена од гостиварска фирма.
Оваа фирма,пак, побарала од Генералниот секретаријат на Владата во декември 2018, да ѝ биде пренесено правото на градење и уредување за имот со деловен простор во Гостивар кој е во сопственост на државата…
Екс-секретарот на владата Рашковски веќе неколку месеци е во домашен притвор.







