Брижит Макрон, ќе биде во самоизолација седум дена откако беше во контакт со лице заразено со Ковид-19, соопштија од Кабиентот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што се наведува, таа во четвртокот била во контакт со лице кое денеска имало позитивен тест за Ковид-19 и има симптоми на таа инфекција.
Брижит Макрон нема симптоми на болеста во оваа фаза, се вели во соопштението.




