Наталија Митовска која е сопруга на газдата на порталот каде емисија имаше Љупчо Палевски Палчо на предлог на Данела стана секретар на Град Скопје.
Митовска е сопственичка на продукцијата „Трипл диџит продакшн“ и сопруга на сопственикот на порталот „Инфомакс“ Александар Митовски – Мечка.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го разреши од функција досегашниот генерален секретар Зоран Глигоров и на негово место ја назначил Митовска, се вели во информацијата од Град Скопје.
Во септември 2022, поткрепувајќи со документи, „Фокус“ објави дека Митовска е една од надворешните соработници која од Град Скопје е ангажирана да го реализира проектот „Ритам на чаршијата“ во вкупна парична вредност од 22.764 евра во времетраење од една година, за хонорар од по 55.000 денари месечно
Разрешувањето на Глигоров, кој беше најблизок соработник на Арсовска, доаѓа откако неговата сопруга го пријави во полиција за семејно насилство.
Од стапувањето на функција, Арсовска многу често гостува на „Инфомакс“ и таму соопштува информации за својата работа.
Од кабинетот на Арсовска велат дека Митовска доаѓа на функцијата како „професионалец кој значително ќе придонесе во работата на Градот“.
Митовска (порано Ивчева) била член и на партијата ДРУМ на Доста Димовска а била член и на ВМРО-ДПМНЕ во време на лидерот Љубчо Георгиевски.
Подоцна таа премина во Обединети за Македонија под раководство на Љубе Бошкоски, по што повторно се вратила во ВМРО-ДПМНЕ.
Ивчева која активно учествува во емисиите на Инфомакс е еден од најголемите критичари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.





