Сопругата на директорот на ДЗС му рекла дека е луд за пописот

Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата Отворено на Алфа телевизија призна дека дури и за неговата сопруга неговата идеја за попис без графа за етничка припадност е лудост.



“Дали си ти луд, што правиш”, му рекла сопругата на Симовски пред 18 месеци кога за прв пат ја пласирал својата идеја на пописот да не се пребројуваат граѓаните по етничка и верска линија.

Според предлогот на Симовски владата донесе предлог закон со кој во држава каде што од процентите на малцинските заедници зависат колективни права, каде што во уставот се вметнува категорија 20 % за албанскиот јазик а сепак државата односно Заводот за статистика нема да ги пребројува граѓаните по етничка основа.

За разлика од малите заедници кои се противат на идејата затоа што се плашат дека ќе бидат асимилирани, албанските партии се согласуваат со предлогот на владата.

Во 2012 година обидот за попис не успеа откако дел од владината коалиција се спротивстави на пребројувањето на граѓаните.

Линк до емисијата Орворено на Алфа со Искра Коровешовска

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2166119060320702&id=280284355399866