Сопругата на поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, стана еден од новите сопственици на едно од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција во Македонија, дознава Фактор.



„Блу Белл Складиште“ е единствениот контејнерски терминал во границите на Македонија. Располага со површина од 41.332 м2 , железничка пруга од 799 метри и капацитет за сместување на 915 TEU контејнери.

Донка Деркоска, покрај основачот Навико Шипинг, заедно со уште две фирми од Кипар сега е еден од сопствениците.

Сопругата на поранешниот пратеник и директор на Македонски железници, претходно била вработена во јавна установа за згрижување на деца во Скопје.