Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општина Тетово вели дека за прв човек на тетовската полиција власта предлага сопруг на пратеничка на ДУИ во Парламентот, пренесува Алсат.



Потпретседателот на ВМРО Александар Николовски пред неколку дена за Алсат изјави дека новиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски, функцијата началник на полицијата во Тетово ќе ѝ ја довери на албанската опозиција.

Николовски рече дека Тошковски ќе побара од Биљал Касами да предложи име кое што не е дел од структурите на СДСМ и ДУИ.

„Оваа корумпирана власт еднаш предложи кандидат кој не ги исполнува критериумите за таа функција, што ние како Совет го отфрливме. Сега носи друг човек кој исто така не е адекватен за функцијата, но оди уште подалеку и тоа е само непотизам, бидејќи овој нов кандидат е сопруг на пратеничка од мнозинството.

Го кршат законот не со две нозе како луѓето, туку со четири нозе. Немаат намера да го почитуваат законот, туку единствена должност им е да ја имаат полицијата во свои раце и да манипулираат со сè.

Полицијата им треба за да се закануваат и да манипулираат со изборниот процес што ќе се одржи на 8 мај“, рече Бесар Дурмиши.