Сопи: Заев и понуди на Алтернатива камион со најлони, за да влезе во Владата, ама не се согласија…

„Тетовскиот актер Хасим Мемиши – Сопи продолжи со иронија, коментирајќи ги на фејсбук актуелните политички случувања во Македонија и без договор завршената и трета средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“ во својата информација со соодветен наслов „Ексклузивно: Сопи ја открива понудата на Заев до Алтернатива“.

„Ин7“ ја пренесува објавата на Сопи на фејсбук, напишана на тетовски дијалект на албанскиот јазик: „Заев и имаше дадено еден камион со најлони на Алтернатива, за да влезат во Владата, ама тие не се согласија.“



Инаку, во еден од коментарите под оваа иронична објава граѓанин – Албанец напиша дека „од Алтернатива би сакале да им се понуди најлон, ама полн со биткоини, а не вакви обични најлони“.