Наставниците кои штрајкуваат од утре ќе престојуваат во заеднички простории договорени со директорите на школите и градинките и нема да извршуваат воспитно-образовни активности, изјави на денешната прес конференсција претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.
МОН: Училиштата утре мора да работат
Тој потенцираше дека никој нема право да ги присилува вработените да прифаќаат деца за време на утрешниот штрајк, и ја повика Владата што побрзо да го почне преговори со Синдикатот и да го одврзе кесето и да ги исполнат барањата на синдикатот.
„Апелирам до Владата што побрзо да не повика на преговори, што побрзо да сфати дека со ваков однос кон синдикатот на овие вработени во државата кои што имаат општествено значење и што се многу важни за нормалниот секојдневен живот и функционирање на држава да не повикаат да најдеме взаемно прифатливо решение.
Да го одврзат кесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и работниците и што побрзо да отпочне редовната настава“, вели Неделков.






