СОНК денеска треба да одлучи дали предлогот за покачување од 12 отсто на платите на вработените во училиштата и градинките кои се во генерален штрајк од 11 април.
По нвчерашната рунда преговори со Владата од синдикатот објавија дека постигнале согласност покачувањето можат да го очекуваат најдоцна од јули.
Првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков, сепак, не прогласи крај на штрајкот, бидејќи, како што рече, најпрво ќе треба да се информира членството за договорениот процент за покачување на платите и истакна и дека од среда најрано веќе може да се очекува враќање на децата и учениците во градинките и училишните клупи.
Одлуката на членството, дали овој предлог е прифатлв за да се прекине штрајкот ќе биде објавена најдоцна денеска навечер.







