„Во овој момент е сигурно дека настава ќе нема во понеделник. Наставниците ќе бидат во просториите на училниците, но нема да работат“, изјави вчера првиот човек на СОНК, Јаким Неделкоб, во гостѕување на „Сител“.
Според првиот човек на синдикатот на просветните работници, промена може да има во последен момент, но само ако биде понудено поголемо зголемување на платите од 5% колку што е најавено од 1 септември.
Неделков се пожали дека од општините се врши притисок врз наставниците:.
„Во нашиот синдикат членуваат над 20.000 просветни работници и ќе се испочитува огромното мноизнство. Локалните самоуправи со прославите за првачињата и приредба вршат притисоци над наставниците со барања првооделенците да бидат прифатени, но тоа е кршење на законот. Родителите да бидат подготвени, а ако евентуално имаме понуда која не треба да се одбие со висок процент на зголемување на платите ние ќе соопштиме дека ставот се менува“, додаде Неделков.
Од друга страна министерот за образование Арбер Адеми ги повика училишните управи да се подготват за првиорт училишен ден на 2 септември, а на Синдикатот му порача дека е отворен за дијалог.
Синдикатот бара 25 5 зголемување на платите.





