„Законот за работни односи многу штуро го зел предвид прашањето за исплата на плата кон штрајкувачите, во смисла дека ќе им бидат исплатени придонесите, а не и дневници.
Но, наставниците одат на работа, без оглед што не се држат некои часови, освен тоа, наставата по завршувањето на штрајкот ќе биде надоместена, така што нема причина за посегнување по ионака ниските плати на наставниците“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК за МКД.Мк.
Тој потсетува дека и во изминатите години, кога се штрајкувало, постоел договор со ресорното министерство дневниците да не им се одземаат на наставниците. Неделков е убеден дека таа мината пракса ќе ја има предвид и актуелното раководство на министерстсвото.
Неделков за МКД.мк вели дека директорите на поедини училишта и на градинки им се закануваат на вработените кои штрајкуваат дека ќе им бидат намалени платите за април поради недржење на настава, но тоа тие нема да можат да го сторат и СОНК ќе ги заштити.







