СОНК: Мобинг и закани кон штрајкувачите

Мобинг врз штрајкувачите и притисоци со закани особено врз штрајкувачите во градинките. МТСП и директорите наместо да изнајдат решение на четвртиот ден од штрајкот се обидувале да заплашат штрајкувачи вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков. Се пожали и на нехумани услови за штрајкувачите. Договор нема па затоа штрајкот продолжува велат од СОНК.



Штрајкот да прекине, децата да се вратат на школо вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири за што преку писмо ќе побара и од СОНК штрајкот да го прекинат и да продолжат со социјалниот дијалог.

Од СОНК возвратија дека откако ќе го добијат писмото ќе го разгледаат и ќе одлучат, но се цврсти на ставот дека штрајкот продолжува се додека не се спогодат. Министерката за труд и социјална политика, вели дека сите градинки работат и дека во 25 воопшто нема штрајк.

Од СОНК побараа Владата да направи отстапки, да смогнат сили и да покажат волја да се надмине овој проблем и децата да се вратата во училиштата.