Од Синдикатот за образование СОНК ги повикаа училиштата, локалните власти и Министерството за образование до 1 јуни да ги исплатат наставниците кои работеле повеќе работни часови за време на пандемијата бидејќи во спротивно ќе се соочат со штрајк, а нема да се издаваат свидетелства за учениците.



„За време на пандемијата наставниците работеа повеќе, односно бројот на часови за настава им беше зголемен бидејќи децата беа поделени во две групи. За жал, власта и институциите не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците и не исплатија додатоци.

Од Министерството за образование велат дека имаат префрлено средства за оваа намена на општините, но според нашите информации од терен, оттаму велат дека нема пари. Впрочем, нас не нѐ интересира дали има пари или не, важно ни е да се почитуваат законите“, изјави Јаким Неделков од СОНК. 360 степени