СОНК и Влада преговараат: Повисоки плати или штрајк

Синдикатот за образование и наука и претставници на Владата денеска повторно ќе расправаат за зголемувањето на платите во образованието, а доколку нема договор, а доколку не биде постигнат можен е штрајк на 11 април?



Да, за повисоки плати во образованието но не сега. Целта е наоѓање на заеднички прифатливо решение за сите страни во услови на економска криза – велат од Влада за ТВ 24.

„Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систе“ – велат од „Илинденска“.

СОНК не отстапува и доколку до 11 април ништо не се промени, штрајк ќе има, училиштата и градинките нема да работат, се додека не се исполнaт нивните барања за раст на платите согласно сложеноста и коефициентот на работното место.

Кризата влијае на сите, Јаким Неделков. Доколку утре нема договор одлуката за штрајк ќе биде испратена до сите засегнати страни – вели Јаким Неделков претседател на СОНК. 

„Очекуваме посериозни анализи. Доколку не постигнеме договор утре, или најдоцна до 11-ти, нема да отстапиме од штрајкот“ вели Неделков.