Времето во Македонија во недела ќе биде претежно сончево и потопло, со слаб ветер од северен правец.
Утринските температури се движеа од нулата во планинските предели до 9 степени, додека максималните дневни ќе значително ќе растат во интервалот меѓу 16 и 23 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската околина денеска ќе преовладува сончево и пријатно време со максилмална температура од 22 степени.
Во Маврово се очекува температура до 16, Охрид, Битола и Крива Паланка 19, Берово 17, Кавадарци 21, а во Дојран до 23 степени.
И утре ќе имаме претежно сончево и потопло со слаб ветер од северен правец.






