Сонцето од Кутлеш заблеска над планините Ринкон во САД

Благодарејќи на поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, поранешното знаме на македонската држава со сонцето од Кутлеш се развиори над планините Ринкон.



„Ја понесов Македонија со себе на планините Ринкон во Јужна Аризона. Ова е од Спад Рок, 2.625 метри и со поглед на Тусон“, твитна Мико покрај фотографијата.

Американскиот борец за македонската кауза го развиорува(ше) националното знаме на Македонците на сите планински врвови што ги освојува(ше).