Сонцето од Кутлеш на новото знаме на Општина Лозово

Со седум гласа „за“ и два „против“, поранешното државно знаме на Република Македонија со 16-кракото сонце од Кутлеш од денеска е ново знаме на Општина Лозово.



За предлогот на советникот Зоран Иванов од ТМРО, покрај него, гласаа тројцата советници од ВМРО-ДПМНЕ и тројцата од СДСМ, а против беа советникот од ЛДП-ДОМ и независниот.

„Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија, македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини“, вели лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

Симболот на древномакедонската кралска династија на Филип и Александар Македонски се наоѓа и на знамето на општината Пустец во Албанија, со доминантно македонско население.