Сончево со мала до умерена облачност, предвидуваат синоптичарите за денеска по утринските, наместа екстремно ниски температури – од минус 18 до минус шест.
Во текот на денот температурите ќе се движат од минус 3 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје, по измерените утрински минус 11 степени , според прогнозата на УХМР, времето во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Слично времне се очекува и утре – од минус 12 до минус 2 степени наутро, и од 2 до 10 Целзиусови степени во текот на денот.






