Изјава со голема доза на мистерија, дадена од довчерашниот втор човек на СДСМ отвори дилеми за судир во врвот на владеачката партија.
Според изјавата Шекеринска е загрижена за СДСМ затоа што таа потенцира дека “Ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми”.
Изјавата според повеќе извори е дадена вчера на Конгресот на СДСМ, што партијата засега не го демантира.
Наспроти јавната изјава на довчерашната заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, која јавно упати честитки за изборот на новото раководство, таа на Конгресот упатила критики за досегашните начини на делувања на партијата.
Мистериозната порака на Шеќеринска во која се осудуваат дел од практиките на СДСМ може да се слушне на аудио снимката објавена на овој линк.
“Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата”, вели Шекеринска, во изјавата која дури и да не е дадена вчера отвара низа прашања за начинот на функционирање во СДСМ.







