Сомнеж за сериозна корупција – наместо на гас, Скопје ќе се грее на дизел

Сомнеж за тендерашка корупција тешка милиони евра. Од 15 ноември Скопје ќе се загрева на дизел, гориво кое ќе се употреби во топланите Исток и Запад, за почеток само како тест.



Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, пред медиумите денеска рече дека тоа мора еднаш да се направи како период на тестирање за да се види како би изгледала можноста парното да добива топлинска енергија од овој енергенс, доколку нема природен гас или истиот е скап.

– Техничкиот кадар има план да направи промена во енергенсот во периодот од 15 ноември, наместо гас да се употреби дизел гориво. Префрлувањето ќе биде не повеќе од 24 часа, но тоа не значи дека тој ден граѓаните ќе останат без топлинска енергија. Тоа ќе се прави од едната, па од другата топлана, а истовремено најголем дел од енергијата ќе се добива од ТЕ-ТО, рече Ковачевски.

Експрес.мк неофицијално дознава дека во план е празнење на државните резерви на дизел горивото, резерви кои потоа законски ќе треба пак да бидат пополнети во период кога дизел горивото е поскапо и од бензинот. Логично толкување на овој потег на властите нема, но затоа има многу заднински коруптивни сценарија.