Полициjата во францускиот град Тулуз, денеска употреби солзавец против протест на „Жолтите елеци“ кои денеска 22 сабота по ред низ цела земја одржуваат демонстрации против политката на претседателот на државата.



Водачите на „Жолтите елеци“ ја осудија употребата на сила.

„Дали гледате: сè се одвиваше добро и тие не нападнаа“  изјави за АФП, Флај Рајдер-Максим Никол, еден од главните лидери.

„Решив да дојдам тука, бидејќи имаше национален повик“ со цел да го претвориме Тулуз во престолнина на денешниот протест на „Жолтите елеци“, вели додаавајќи дека е разочаран од полицијата.

Протести имаше и во Бордо и Париз додека во лЛил, Лион и уан градските власти забранија демонстрации.

Протестите на „Жолтите елеци“ започнаа на 17 ноември минатата година поттикнати најпрво од зголемување на цените на горивата, а подоцна се претворија во револт кон политките на актуелниот претседател Емануел Макрон кој досега направи низа отстапки.