Владата на Соломонските Острови ќе воведе мораториум на бродовите на американската морнарица кои влегуваат во пристаништата во земјата, јавува Ројтерс, повикувајќи се на американската амбасада во Канбера.



Соломонските острови се во затегнати односи со САД и нивните сојузници откако тие склучија безбедносен договор со Кина во мај.

„На 29 август, САД добија официјално известување од владата на Соломонските Острови во врска со мораториумот на сите поморски посети, во очекување на ажурирање на протоколарните процедури“, се вели во соопштението на амбасадата.