Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија вели дека нуклеарно оружје треба да биде гарант за мирот на Балканот
„Европа има атомско оружје и ние, на Балканот, имаме потреба од нуклеарно оружје, што ќе го гарантира мирот а, како за време на Студената војна“ изјавил Соломон Паси како што пренесува News.bg..
Тој е загрижен од излегувањето на Русија од ракетниот договор со САД, бидејќи се нарушува балансот.
Изјавата на Паси доаѓа во време на посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Бугарија
Несигурноста во Црното Море е главна тема за Столтенберг во Софија, бидејќи Русија поседува 80-90 од вооружувањето во регионот, па тоа не може да не го загрижува НАТО, вели Паси.




