Унијата на Коморите, островска нација во Индискиот Океан, донираше симболични 100 евра на Кина за помош во борбата против коронавирусот, пренесе РТ.



Делегација предводена од Ахамад Мса М’лива му врачи симболична сума од 100 евра на кинескиот амбасадор за набавка на заштитни маски.

„Ние го знаеме капацитетот на Кина, овој симболичен гест е всушност показател колку Комори е загрижена поради епидемијата“, рече М’лива.

Кина беше првата земја што ја призна малата островска нација од 850.000 луѓе, откако доби независност од Франција во 1975 година.