Во 1942 година на Сојузничката конференција во Лондон за германските злосторства се даваат информации и за активности на бугарската царска армија на македонско тло.
Во документот кој е подготвен од оперативци на Велика Британија а зборува за германските злосторнички операции се опишува и бугарската „окупација“ на Македонија која се квалификува како потрагична.
Документот кој потекнува од извештај со наслов “Тековни белешки за меѓународните работи. Вол. 12 број 5 (1 април 1942 година) – извештај за надворешни работи на Австралија”, го објавува австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов.
Според документот нема простор Бугарија да тврди дека не била окупатор на Македонија од 1941 до 1944 година кога од фашистичката коалиција се приклучила на страната на антифашистичките земји
Во документот во описот за воените злосторства за германската армија на Крит се вели дека многу Грци „биле убиени спротивно на секој принцип на право , закон и правда. Многу села биле намерно запалени и уништени до темел откако островот бил освоен од непријателот“.
На извештајот за Грција и германските злосторства се додава и информација за Македонија.
„Во Македонија ситуацијата беше еднакво траорна а во побогатите провинции окупирани од Бугарите беше уште потрагичнa“.
Во извештајот како што може да се види од факсимилот не пишува бугарската армија, администрација или царска војска туку пишува Бугарите.
Бугарската наука досега многу малку истражувала или објавувала за овие документи кои ги издавале западните антифашистички историографии.
1942 contemporary evidence – Allied Conference in London on German atrocities describes Bulgaria's "occupation" of #Macedonia as brutal.
Current notes on international affairs.Vol. 12 No. 5 (1 April 1942) – Australian Foreign Affairs report https://t.co/ktdY1N1uD3 pic.twitter.com/xZwz27VLJK
— Sasha Uzunov (@UZI9mmmm) December 3, 2020
Поврзана вест
Член на БАН: Македонизмот е психичка болест на цело општество, на цел народ





