Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстранија 13 дрва како дел од реконструкција на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“.
„Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите“, објави Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина центар.
Градоначалникот најавува дека отстранетите дрва наесен ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор.
Граѓани реагираат :
„Добредојдовте на новата соголена улица Орце Николов. Се што беше подебело дрво се исече! Многу сакам да ми објасни таа/тој што потпис ставиле на овој масакр.
Благодариме Саша Богдановиќ Убаво што 100 пати рековте јавно и ветивте дека “НИТУ ЕДНО дрво на ОРЦЕ НЕМА да се исече”. Еве го резултатот од вашето ветување!!! Добро е да се знае дека зборот не е збор! И ПРОДОЛЖУВААТ ДА СЕЧАТ! ЈА УБИВТЕ улицата и ја бетониравте.
#НАЈДОБРОТО за нашата општина“ е една од реакциите на социјалните мрежи.







