Министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, се чини дека ги прифаќа, иако индиректно тврдењата на Скопје дека Грција наводно има иредентистички цели против соседната земја, вели министерот за надворешни работи во сенка на Нова демократија (НД), Јоргос Кумуцакос.
Коментарот се однесува на министерот Коѕијас кој по средбата со Димитров во Охрид изјави дека „речиси се согласиле за текстот за идна соработка во разни сектори, вклучувајќи го и одвраќањето од иредентизам од двете страни“.
Според Кумуцакос „логиката на реципроцитет или изедначување на Грција и Скопје за прашањето на иредентизмот ги поткопува нашите цврсти национални позиции и е неприфатливо“. Тој го повика Министерството за надворешни работи да открие зџа што разговараше и за што се согласил, јави АНА-МПА.
Изворите од Министерството за надворешни работи ја обвинија опозициската НД дека се обидува да ги поткопа напорите за решавање на националните прашања.





