Софија со реакција на говор на член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Министерството за надворешни работи на Бугарија најостро ја осудува изјавата на Драган Ѓуровски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во која тој дава квалификации кои се неприфатливи за Бугарија и кон нејзиниот народ, објавија бугарските медиуми.



„Татарските фашисти и одвратната бугарска рака“, е само дел од говорот на Ѓуровски кој се однесува на однесувањето на бугарските окупатори во втората светска војна, кој се одржал пред неколку дена во центарот на Скопје.

Според Софија во својот говор, младиот член на партијата „зборува со омраза кон Бугарија“.

„Ние нема да преговараме кој е Гоце Делчев и на кого припаѓаат Илинденците. Дали заборавија на Букурешт од 1913 година, кога ги проширија своите граници на сметка на Македонија и започнаа со асимилација, денационализација и депортација … Нема да има промена во историјата по волја на татарските фашисти … Оваа одвратна бугарска рака ги удираше Македонците … Тие тврдат дека имаме заедничка историја. Секако дека имаме. Ова е неоспорен факт. Единствената заедничка историја се црвените“, рекол Ѓуровски, цитиран од БГНЕС.

Според бугарското МНР, ваквите провокации се косат со сите основни европски принципи и норми на политичко однесување.

„Тие се симбол на стереотипите наследени од минатото, кои се во спротивност со декларираното од Република Северна Македонија и желбата на нејзиното општество да ги сподели европските вредности и да се приклучи на заедничкото европско семејство“, се вели во позицијата на Министерството за надворешни работи .

„Бугарија отсекогаш покажувала конзистентност, транспарентност и конструктивност во односите со соседите. И покрај сите наши манифестации на добрососедство, нашата земја продолжува да биде предмет на демонизација и говор на омраза во домашната политичка дебата во Република Македонија, што е неприфатливо во современиот демократски свет“, посочува бугарското МНР.

“Македонската крв врие, а потоа како силна бура ќе удри врз сите тирани кои решија нашата татковина да ја погубат.
По секоја бура изгрева Сонцето, наше, македонско. Тоа ќе ни донесе промени, ќе ги обедини Македонците и сите заедно, слободно и гордо ќе застанеме на Камениот Мост на реката Вардар, ќе се искачиме на Пирин планина, високо на врвот, ќе застанеме на Беломорското крајбрежје во Солун и силно викнеме: ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!”, вели во својот говор на кој реагира Драган Ѓуровски.

Видео од говорот

https://www.facebook.com/171795302881761/posts/4252323318162252/