Бугарското министерство за надворешни му врачи протестна нота на в.д. македонскиот амбасадор во Софија, Владимир Крстевски, поради пожарот во културниот центар во Битола.
На вонредна средба, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова, изрази загриженост и најостро го осуди делото, со које е нанесена материјална штета на објектот.
„Ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем“, пишува бугарското министерство за надворешни.
Бугарската страна е убедена дека настанот во Битола, не придонесува за развој на добрососедството и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Македонија.
Бугарското МНР ги повикува македонските власти итно да ги откријат и гонат сторителите кои го подметнале пожарот и навремено да ја информираат бугарската страна.







