Главниот град на Бугарија од полноќ е под карантин. Новите строги мерки беа објавени синоќа на итен брифинг, откако многумина намераваа да го напуштат градот за велигденските празници.
Од полноќ, од Софија можат да излегуваат само возила со посебен режим и оние што службено го напуштаат градот.
Началникот на Бугарскиот Национален штаб за операции, генералот Венцислав Мутафчииски, изјаави дека заминувањата од градот би довело до ширењето на епидемијата на коронавирусот бидејќуи Софија е жариште.
Бројот на заразени со коронавирус во Бугарија се искачи на 800, а бројот на смртни случаи е 38.






