На две крстосници во центарот на Софија целосно е блокиран сообраќајот од страна на демонстрантите кои уште синоќа се заканија дека ќе постават шаторски кампови.
„Незадоволни сме од фактот дека нема промени. Овој (владин) кабинет е целосно исцрпен во однос на довербата.
Причината да не ја поминеме ноќта во кревет, туку да ја поминеме на улица, е дрската изјава на Екатерина Захариева која вчера рече дека протестите и тензиите видно се намалуваат “, коментира еден од демонстрантите за БГНЕС.
Во повеќе од десет бугарски градови вчера се одржаа најмасовните антивладини протести, кои се одржуваат веќе 21 ден по ред.
Барањата на демонстрантите остануваат непроменети, а тоа се оставки на Владата, лично на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер избори.






