Софија очекува Дачиќ да запре со неумесните изјави

За Бугарија е неприфатлива изјавата на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, кој го критикуваше бугарскиот премиер Бојко Борисов за неговиот став во Косово изразен на прес-конференција на Самитот во Познањ кога го повика новиот Висок претставник на ЕУ за надворешна политика, Хозе Борел да го почитува ставот на Унијата во однос на независноста на Косово.



Ова му било предочено денес на српскиот амбасадор во Софија, Владимир Чургус, кој беше повикан денес во Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Беше нагласено дека на средбата во Познањ бугарскиот премиер зборувал како европски политичар и коментарот на министер за надворешни работи на земја надвор Унијата во овој случај е неумесен.

Бугарија очекува, дека ваквите изјави нема да се повторат во иднина, пренесуваат бугарски медиуми.