Софија негира дека е киднапиран бугарски конзул во Мелитопол

Бугарското министерство за надворешни работи ја демантираше информацијата дека бугарскиот почесен конзул во украинскиот град Мелитопол бил киднапиран.



Бугарскиот конзул во Мелитопол Сергеј Желев е безбеден во својот дом, соопшти Министерството, цитирано од bTV.

На почетокот на руската окупација, Сергеј Желев изјави за БНР дека нема да го напушти градот за да им помогне на Бугарите и Украинците.

Демантот уследи по објавата на градоначалникот на украинскиот град Иван Фјодоров:

„Повеќе од 50 мои колеги беа киднапирани низ земјава. 29 се во окупаторските затвори. Ова е постојана практика на окупаторите. Го киднапираат секој што има свое мислење, патриотски чувства“, рече Фјодоров.

Според него и почесниот конзул на Бугарија е киднапиран во Мелитопол.