Софија најде виновник за ветото: За Брисел, Димитров е поопасен од Ковид-19 (ВИДЕО)

Првиот човек на бугарската новинска агенција БГНЕС Љупчо Нешков преку кого најчесто се пласира бугарската позиција за македонските работи тврди дека екс шефот на македонската дипломатија а сега вицепремиер за Европа Никола Димитров е човекот што го саботира договорот со Бугарија.



Во интервју за ТВ станицата Брисел 1 Нешков вели дека Димитров треба да биде тргнат од премиерот Заев затоа што во Софија се бакнувал и прегрнувал со бугарските домаќини а во Брисел зборувал нешто сосема друго за бугарските партнери.

Според Нешков кој цитира високи дипломати во Европската Комисија за ЕУ Димитров во моментов е поопасен од Коронавирусот за македонско – бугарските односи.

Целиот исказ на Нешков чии зборови пред неколку дена на ист начин ги кажа и вицепремиерот Каракачанов во видеото.