Софија Куновска ја открива разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Екс пратеничката на владеачката партија која е маргинализирана поради своите јавни критики за колегите и начинот на владеење открива во што се разликуваат две најголеми партии во земјава.



“Разликата помеѓу нас од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што за среќа, меѓу нас од СДСМ има и такви кои се спремни да упатат јавна критика и кога партијата е на власт. Без разлика на политичкиот зијан за нас поединечмо. Нашиот личен зијан е ќар за дежавата.

Во ВМРО има задоцнета памет колку сакаш но не само кога се уверени дека нивните конта и политички кариери нема да бидат зијан туку и кога критиката е влог во идна политичка кариера”, пишува Куновска која во нејзин стил упатува отровни стрели кој својата партија.

“Можеби е грев воопшто и да се нарече оваа владеачка структура СДСМ. Обично трговско друштво”, заклучува Куновска.