Софија Куновска: Да се спречи уривањето на угледот на СДСМ

Експратеничката на СДСМ Софија Куновска бара внатрепартиска дебата во партијата во врска со именувањето на Командант Хоџа за советник премиер.



Куновска очекува највисоките тела на партијата да водат расправа за да се спречи штетата по угледот на СДСМ и Македонија.

“Се надевам дека највисоките органи на СДСМ ќе побараат од Претседателот на СДСМ и Премиер на РМ расправа во врска со именувањето на лица кои се на црната листа на САД за негови советници и одлуката ќе биде повлечена со што ќе се спречи натамошното уривање на угледот на РМ како и на СДСМ како државотворна партија”, смета Експратеничката.

Куновска беше најсериозен кандидат за партиски предлог за градоначалник на Скопје а предходно беше претседател на градската организација на владеачката партија.

Таа е се смета за блиска на предходната гарнитура во партија а важи за еден од ретките видни партиски членови кој што јавно ги критикува потезите на премиерот Заев.