Ова го најавил в.д. бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, синоќа во интервју за бугарската национална телевизија БНТ.
Тој рече дека Бугарија е подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови, пренесе Плусинфо.
„Ние сме подготвени да соработуваме со луѓето со бугарска самосвест во периодот кога тие ќе поднесат жалби до судовите во Македонија и до европските судови.
Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани“, рече Милков.







