Бугарски професори – историчари и лингвисти, од 6-ти до 8-ми јуни во Европскиот парламент во Стразбур ќе ја претставуваат и заштитуваат бугарсската позиција за преговорите со РСМ. Целта е да им објаснат на европратениците дека почеток на преговори на РСМ со ЕУ е можен само откако таа земја ќе ги исполни условите што ги бара Бугарија, пишува Дојче веле



Веста за оваа посета за „24 часа“ ја потврдил археологот Николај Овчаров, кој во Стразбур ќе замине заедно со историчарот Пламен Павлов и филологот Ана Кочева. Оваа професорска тројка е прилично активна во бугарската јавност.

На 11-ти мај годинава, тие, заедно со група интелектуалци и јавни личности, во националниот прес-клуб на БТА ја промовираа платформата „Национален круг ‘За Македонија'”.

Како што објаснија, целта на платформата е тврда одбрана на бугарската Рамковна позиција и Декларацијата на 44-тото Народно собрание, во однос на евроинтеграцијата на РСМ.