„Арена Армеец“ во Софија и „Загрепска арена“ од денеска се претворени во резервни болници, каде што се поставени кревети кои ќе бидат секундарни центри за прием на заболени од коронавирусот.



„Од утринава салата „Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница со цел да се спречи ова зло“, напиша на Фејсбук премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.