Софија и Скопје без договор кога треба да влезат Бугарите во Уставот

Со Скопје не е постигнат договор за тоа дека првата меѓувладина конференција (за отворање на пристапните преговори) ќе се одржи откако Македонија ќе ги вметне во својот Устав и Бугарите што живеат во оваа земја, објави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на извештајот на бугарското Министерство за надворешни работи.



Како што пишува БНР, Скопје и натаму инсистира вклучувањето на Бугарите во Уставот да се случи пред отворање на првиот кластер „Основни принципи“, а не пред официјалниот почеток на преговорите.

Бугарското Министерство за надворешни работи, според извештајот, признава и дека не е реално да се очекува сите земји на ЕУ да ја поддржат Бугарија во однос на ставот за македонскиот јазик.

Исто така, се наведува дека не случајно што се“ уште не се објавени ставот на Скопје и на оние земји членки на ЕУ што ја поддржуваат Македонија бидејќи, како што пишува во извештајот, Северна Македонија се надева дека ниту самата Бугарија нема да го поддржи и на тој начин Скопје ќе се најде во поповолна позиција.