Бугарското Министерството за надворешни работи соопшти дека го повикало на консултации својот амбасадор од Скопје, Ангел Ангелов.
Причината е „сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во с Македонија и „ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на Културниот клуб „Иван Михаилов“ – Битола во јуни 2022 година. три по ред напади на зградата на организацијата „Цар Борис III“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Северна Македонија, претепувањето на 19 јануари, 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид, како и донесување во ноември 2022 година на дискриминаторскиот Закон за фондации и здруженија во с Македонија“.
Целта на консултациите е да се разговара за „можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република с. Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“.






